Една позиција напред, на ФИФА ранкингот

13.02.2014 19:40

Според последната листа на Светската куќа на фудбалот, Македонија е 83-та земја во најновото рангирање.

Без одигран натпревар, нашата селекција напредува за едно место на последната објавена ранг листа на ФИФА, иако бевме пасивни во првиот месец од новата година, односно не одигравме ниту еден компетитивен или пријателски меч.
 
Првиот настап во 2014-та е закажан за 5-ти март, кога на Арената Филип Втори во Скопје ќе ни гостува репрезентацијата на Летонија.
 
На врвот на ранг листата, нема промени. На првата позиција и натаму е светскиот и двоен европски шампион Шпанија, пред Германија и пред Аргентина.
 

 

Во Топ 10 пласманот, следуваат Португалија, Колумбија, Швајцарија, Уругвај, Италија, Бразил и Холандија.