Најмалку 11 загинати во напад врз црква во Нигерија

07.08.2017 11:54

Полицијата соопшти дека напаѓачите најверојатно сакале да убијат локален жител, кој во тој момент воопшто не се наоѓал во црквата.

Најмалку 11 лица загинале, а 18 биле ранети, при напад врз црква во југоисточниот дел на Нигерија. Полицијата соопшти дека напаѓачите најверојатно сакале да убијат локален жител, кој во тој момент воопшто не се наоѓал во црквата.

Според шефот на локалната полиција, нападот е најверојатно поврзан со шверц на наркотици.