Две жртви во напад врз воена база во Венецуела
07.08.2017 12:20
Војниците подоцна влегле во судир со напаѓачите, од кои десетмина успеале да избегаат, двајца биле смртно погодени, еден бил ранет и седуммина фатени.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро соопшти дека двајца напаѓачи биле убиени, а осуммина ранети во напад врз воена база во Венецуела. Мадуро изјави дека дваесетина мажи упаднале во базата Парамакај, околу четири часот изутрината по локално време.
Војниците подоцна влегле во судир со напаѓачите, од кои десетмина успеале да избегаат, двајца биле смртно погодени, еден бил ранет и седуммина фатени.
Според информациите, еден од напаѓачите е офицер, кој дезертирал пред неколку месеци. Мадуро тврди дека нападот бил платен од лидери на антивладини групи во Мајами и Колумбија.
