ДИК ќе расправа за роковникот за локалните избори
07.08.2017 12:38
ДИК вчера соопшти дека претседателот на Собранието ја известил оти го потпишал актот за распишување на локалните избори.

На дневен ред на денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) е разгледување и усвојување на Предлог- роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведувањето на локалните избори за членови на советите и за градоначалници на општините.
ДИК вчера соопшти дека претседателот на Собранието ја известил оти го потпишал актот за распишување на локалните избори.
Датумот за одржување на локалните избори е 15-ти октомври.
