Пожарот кај Македонски Брод под контрола
07.08.2017 13:34
Пожари беснеат во повеќе делови од земјава.

Пожарите на подрачјето на Македонски Брод се под контрола, но поради високите температури не се исклучува можноста од нивно проширување и активирање дополнителни сили, велат од Центарот за управување со кризи.
Пожари беснеат во повеќе делови од земјава. Во скопско гори мешана шума кај Грачани. Активен е пожарот над селото Туденце во Тетовско. Пожари има и во атарот на селата Дрен и Смолани во Пелагонискиот плански регион.
