Нов пораз на Кожув

13.02.2014 19:44

Македонскиот претставник во БИБЛ лигата уште еднаш ја почувствува силата на далеку поодморен противник и го плати жестокиот ритам, во најзгуснатиот распоред за екипата од Гевгелија во тековната сезона.

Гевгеличани се враќаат од мини турнејата по балканските простори, со два пораза во два натпревара. Вториот беше претрпен кај бугарскиот тим Балкан (84:77 - 20:22,22:14,18:15,24:26), предводен од екс-тренерот на МЗТ, Александар Тодоров.
 
Во последната четвртина Кожув се обиде да направи пресврт, на 25 секунди пред крајот имаше само три поени негатива (78:75), но немаше енергија за повеќе. Божовиќ беше најдобар стрелец кај Кожув со 21 поен и со 6 скока, Мијајловиќ имаше 16,  Пековиќ 14
 
Кожув остана на 4 победи од 12 натпревари, има еднаков број бодови со Балкан на делба на претпоследната позиција на табелата. Бугарскиот претставник има два натпревара помалку.