Илиоски: Одлуката на Апелација е срамна
ВМРО-ДПМНЕ посочи дека незаконски прибавени докази не можат да се користат во постапката.

Апелацискиот суд потклекна под притисоците на Социјалдемократскиот сојуз и на Специјалното јавно обвинителство– обвини ВМРО-ДПМНЕ. Партијата посочи дека незаконски прибавени докази не можат да се користат во постапката.
„Никаде во светот нелегално стекнати материјали не смее и не се користат во судски постапки. Тоа го има само во срамната одлука на Апелациониот суд. Спротивно на се што се учи на Правниот факултет и се што се учи на сите правни факултети во светот, и на сето она што е како судска пракса и во Македонија и во светот. Од одлуката на Апелација се срамат сите правници во државата“, изјави Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Секој мора да знае дека секој оној кој работи против Уставот и законот и ги крши истите за само да му се додвори на Заев ќе сноси одговорност и ќе одговара за своите постапки, додаде Илиоски.
