Расправа за разрешување на Зврлевски

07.08.2017 14:07

Разрешувањето на републичкиот обвинител пред пратениците во законодавниот дом. Опозицијата предупреди- по распишување избори, нема можност за ваква постапка. Мнозинството гледа обид за одолговлекување, спикерот тврди- може да дебатираме...

Собраниска дебата- дали е законски да се расправа за смената на јавниот обвинител Зврлевски. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на Изборниот законик кој пропишува дека по распишување на избори не смее да има разрешувања или именувања на јавни функции. Бараат дебатата да се одложи за по изборите.

Претседателот Талат Џафери со став дека Собранието е независно и дека може да се дебатира за разрешување на обвинителот, а да се гласа по изборите.

Парламентарното мнозинство, пак, нема дилема дека Зврлевски поради несовесно работење треба да биде сменет од функцијата. Според СДСМ, опозицијата сака постапката незаконски да ја одолговлекува.

И додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат од Антикорупциската комисија да потврди дека не смее да се дебатира за смена на обвинителот Зврлевски, претседателот Џафери смета дека не може орган формиран од Собранието да одлучува дали законодавниот дом правилно постапува.

 

Миле Ристевски