Османи: Законот за јазиците е во согласност со Уставот
07.08.2017 15:14
За три прашања се чека мислењето на Венецијанската комисија...

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот- изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. Тврди дека ќе биде донесен во Собранието. За три прашања се чека мислењето на Венецијанската комисија.
„Тоа е во однос на двојазичноста на парите, униформата на одбраната и хартиите од вредност. Само тие три одредници сме ги пратиле до Венецијанската комисија за да не ризикуваме да ни падне целиот закон. Ако биде позитивно мислењето, ќе ги вклопиме дополнително. Останатите, од типот на униформи на полиција, на пожарникари, во здравството, во општините каде има над 20% и во Градот Скопје, ќе бидат двојазични“, изјави Османи.
