Пјонгјанг го одби предлогот на Сеул за преговори

07.08.2017 15:24

Кусата средбата меѓу Ри и Канг се одржала на маргините на министерскиот состанок на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија во филипинскиот главен град Манила...

Севернокорејскиот министер за надоворешни работи го одби предлогот на неговиот јужнокорејски колега за преговори меѓу Пјонгјанг и Сеул, оценувајќи дека „не е доволно искрен“.

Кусата средбата меѓу Ри и Канг се одржала на маргините на министерскиот состанок на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија во филипинскиот главен град Манила, при што шефот на јужнокорејската дипломатија апелирал до својот колега од северот да го прифати предлогот за воени преговори, со цел намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров.

Средбата меѓу високите владини претставници на Северна и Јужна Кореја се одржа во време кога Советот за безбедност на ОН воведе нови санкции кон Пјонгјанг, поради неодамнешниот ракетен тест.