Германија златна и во екипно санкање
Првиот златен медал во екипно санкање на олимпијадите го освои Германија.

Санкачите од оваа репрезентација ја комплетираа златната низа во Сочи, каде што ги зграпчија најсјајните одличја во сите четири дисциплини. Четирите актуелни олимписки шампиони, Натали Гајзенбергер, Феликс Лох и двоецот Тобијас Вендл и Тобијас Арлт, беа недопирливи и во штафетните трки и супериорно се искачија на највисокото место на пиедесталот, осовојувајки го за Германија вкуоно 32 медал, 16-ти златен. Сребрениот од Сочи во сингл конкуренција , 42 годишниот Алберт Демченко ја предводеше Русија до третото сребро на олимпијадите во овој спорт.Заедно со Татијана Иванова и тандемот Александар Денисов и Владислав Антонов ги израдуваа домашните навивачи на „Санки“ пистата во Сочи. Изненадувачки до бронзата стигна селекцијата на Летонија во која бронзените браќа од вчерашната трка, Андрис и Јурис Сикс, беа клучен фактор во екипата состаена од сингл адутите, Елиза Тирума и Мартинс Рубенис. Во 50 годишната историја на овој спорт на претходните 13 Зимски Олимпијади сите златни медали во санкање, супериорната Германија ги освоила и во Нагано 1998 со легендарните Хакл, Краушан и двоецот Краузе/Берент.
