Пожарите кај Македонски Брод и Чашка ставени под контрола

07.08.2017 16:07

Пожарите кај Македонски Брод и Чашка се ставени под контрола. Проблем претставуваат високите температури, кои предизвикуваат повторно активирање на пламените јазици. Од Дирекцијата за заштита и спасување тврдат дека прават сѐ што е во нивна моќ. Министерството за земјоделство донесе целосна забрана за движење во шумите...

Пожарите во Македонски брод се под контрола, но поради високите температури не се исклучува можноста од нивно проширување, што значи и активирање дополнителни сили- велат од Центарот за управување со кризи. По заседавањето на главниот штаб со претставници од надлежните институции е донесен акциски план за превенција и справување со пожарите, формиран е и медија центарот за прогласената кризна состојба во Македонски Брод и Чашка.

Од Центарот за управување со кризи ја појаснуваат процедурата за справување со огнената стихија. Од Дирекцијата за заштита и спасување тврдат дека се ангажирани сите средства за справување со пожарите

Министерството за земјоделство целосно забрани движење во шумите, без оглед на нивната намена. За непочитување на законот следуваат казни и до 2 илјади евра.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска