ДИК го усвои роковникот за локалните избори, кампањата почнува на 25-ти септември

07.08.2017 16:20

Македонија се подготвува за локални избори. Државната изборна комисија го усвои роковникот. Кампањата почнува на 25 септември. Листи ќе се поднесуваат до 9-ти септември. Од 21-ви август увид во избирачкиот список...

Државната изборна комисија на седница го усвои роковникот за локалните избори за членови на советите на општините и на град Скопје, градоначалници на општините и на главниот град.

Јавниот увид во избирачкиот список почнува на 21-ви август и ќе трае до 9-ти септември. Рокот за собирање на потписи за листи на независните кандидати за советници и градоначалници е од 21-ви август до 4-ти септември. Политичките партии своите листи на кандидати треба да ги поднесат најдоцна до 9-ти септември.

На седницата усвоени и барањата до МВР и до Министерството за информатичко општество за доставување на податоци кои се потребни за креирање на избирачкиот список, како и за пополнување на составот на изборните органи.

Локалните избори, според законските одредби, ќе се одржат на 15-ти октомври годинава. Вториот круг би се одржал на 29-ти октомври.

Игор Панов