Ердоган: Германија им помага на терористите

08.08.2017 10:28

Ердоган истакна дека на германската канцеларка Меркел и биле предадени околу 4.500 досиеја, но дека не добиле одговор на ниту едно.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Германија дека им помага на терористите, затоа што, како што рече, Берлин не дава одговор на илјадниците молби за предавање осомничени лица, барани од турските власти.

Светските медиуми пишуваат дека оваа изјава најверојатно ќе доведе до нова ескалација на тензиите меѓу двете земји. Ердоган истакна дека на германската канцеларка Меркел и биле предадени околу 4.500 досиеја, но дека не добиле одговор на ниту едно.

Турскиот претседател вели дека Германија сака да ѝ бидат предавани терористите, но не сака да ги предава терористите кои се барани од Турција.