ВМРО-ДПМНЕ: СДС разреши 60 директори на здравствени установи и постави партиски послушници
08.08.2017 11:32
Заедничка карактеристика на некои од инкриминираните директори се поткуп, измани и злоупотреба на должноста- велат од партијата...

Продолжува масакрот на македонскиот здравствен систем. СДС досега разреши 60 директори на здравствените установи и на нивно место постави партиски послушници, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
Заедничка карактеристика на некои од инкриминираните директори се поткуп, измани и злоупотреба на должноста. Граѓаните заслужуваат соодветен медицински третман, а не партиски решенија, пишува во дописот на оваа партија до медиумите.
