Венецуела: Опозицијата повика на протести во целата држава
08.08.2017 11:47
Пратениците ги повикаа венецуелците попладне да излезат од домовите и работните места на улиците и да го блокираат сообраќајот во целата земја.

Венецуелската опозиција повика на протести во целата земја против владата на социјалистичкиот претседател Николас Мадуро. Пратениците ги повикаа венецуелците попладне да излезат од домовите и работните места на улиците и да го блокираат сообраќајот во целата земја.
Опозицијата, која има мнозинство во парламентот протестира по свикувањето на Уставотворното собрание. Европската унија вчера соопшти дека обидот на Мадуро да го измени Уставот и да го собори главниот обвинител ја намалил веројатноста за мирно враќање на демократскиот поредок во земјата.
