Скопје дише во ритамот на Супер купот
Централниот македонски стадион вечер е средиште на битката меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Расте ентузијазмот дека ќе победи тимот за кој од срце се навива. Фанови на двата најдобри европски фудбалски клубови Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, ден пред натпреварот пристигнаа во Скопје.

Уште само неколку часа од почетокот на супер спектаклот во главниот град на Македонија, кој ќе го пренесуваат 300 телевизиски станици и ќе биде гледан од најмалку половина милијарда гледачи. Скопје дише во ритамот на Супер купот. Централниот македонски стадион вечер е средиште на битката меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
Расте ентузијазмот дека ќе победи тимот за кој од срце се навива. Фанови на двата најдобри европски фудбалски клубови Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, ден пред натпреварот пристигнаа во Скопје. Кафулињата на кејот се претесни за да ги соберат сите. Англичаните расположени, се надеваат наубедлива победа. Навивачи пристигнаа од сите страни на светот.
И покрај најавите од шпанските медуми дека во Скопје нема да допатува Кристијано Роналдо, тој е дел од „кралскиот тим“. Роналдо почна со тренинзи пред три дена, но не сакаше да го пропушти вечерашниот натпревар против својата поранешна екипа. Дека е подготвен потврди и тренерот на Реал, Зинедин Зидан кој сепак, до почетокот на мечот ќе размисли дали Португалецот ќе игра од самиот старт.
Двете екипи вчера имаа можност да се запознаат со теренот на арената „Филип Втори“ каде одржаа и тренинг, а претходно и средба со новинарите на кои тренерите Жозе Мурињо и Зинедин Зидан не криеа дека во Скопје се дојдени да го освојат трофејот на Супер купот.
Градот Скопје подготвен ги пречека фудбалските клубови, нивните фанови и навивачи од целиот свет. Поставена е т.н. неутрална фан зона на плоштадот „Македонија“ која е отворена од вчера и очекува илјадници обожувачи на фудбалот. Во фан зоната веќе се поставени и трите трофеи на УЕФА, односно на Лигата на шампионите, на лигата на Европа и на Суперкупот.
