Пред три години изведени првите напади врз ИД

08.08.2017 12:10

Според Пентагон, неизбежниот пораз на ИД е само прашање на време. Три години подоцна, по активна воена кампања, коалицијата врати 70 насто од заземените територии во Ирак и 50 насто во Сирија.

На денешен ден пред три години меѓународната коалиција ги изврши првите напади врз Исламска држава. Според Пентагон, неизбежниот пораз на ИД е само прашање на време.

Три години подоцна, по активна воена кампања, коалицијата врати 70 насто од заземените територии во Ирак и 50 насто во Сирија.

Портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис нагласи дека ИД нема вратено ниту еден сантиметар територија ослободена од коалицијата.

ИД во „зенитот“ имаше освоено 104.000 метри квадратни територија во Сирија и во Ирак каде живееја осум милиони луѓе.