ОН ќе продолжат со потрага по хемиско оружје во Сирија

08.08.2017 12:39

Гутереш во својот извештај до Советот за безбедност наведува дека и покрај досега извршените инспекции, Сирија „треба да одговори на серија прашања за нејзината програма за хемиско оружје“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го информира Советот за безбедност на светската организација дека е планирано да продолжи проверката на објектите во Сирија во кои се претпоставува дека има хемиско оружје.

Гутереш во својот извештај до Советот за безбедност наведува дека и покрај досега извршените инспекции, Сирија „треба да одговори на серија прашања за нејзината програма за хемиско оружје“.

Сирија стана членка на организацијата за забрана на хемиското оружје во текот на 2013 година, откако сириските власти беа обвинети дека извршиле напад со хемиско оружје врз цивилно население во реони под контрола на бунтовниците.