Засилени безбедносни мерки за Супер купот, МВР распореди 2.600 полицајци

08.08.2017 15:13

Од МВР велат дека според инструкциите на УЕФА, на стадионот може да се внесат само знамиња на фудбалските клубови Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, како и на Шпанија и Англија.

Министерството за внатрешни работи распореди 2.600 полицајци за Супер куп натпреварот на УЕФА. Задолжени се за безбедносна на присутните во националната арена, околу стадионот и во фан-зоните.

Од МВР велат дека според инструкциите на УЕФА, на стадионот може да се внесат само знамиња на фудбалските клубови Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, како и на Шпанија и Англија.

На влезот ќе има ригорозни контроли и нема да биде дозволено внесување на монети, запалки, лименки, шишиња или други предмети.