Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат од Антикорупциска мислење за член од Изборниот законик

08.08.2017 15:10

Бараат мислење дали постапката е во спротивност со Изборниот законик, според кој, од денот на донесувањето одлука за распишување избори не може да се започне со постапка за вработување нови лица или постапки за престанок на работен однос во државни и јавни институиции.

Утре во Собранието продолжува расправата за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“ испратија допис до Антикорупциската комисија.

Бараат мислење дали постапката е во спротивност со Изборниот законик, според кој, од денот на донесувањето одлука за распишување избори не може да се започне со постапка за вработување нови лица или постапки за престанок на работен однос во државни и јавни институиции.

Воедно, започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случај на итни и неодложни работи, укажува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваат одговор од Антикорупциска во најбрзо време.