СДСМ: Започнат е процес на ослободување на институциите

08.08.2017 15:33

Согласно реформскиот план 3-6-9 на владата предводена од СДСМ, започнат е процесот на ослободување и професионализација на институциите заробени и злоупотребувани од страна ВМРО-ДПМНЕ...

Од владејачката партија тврдат дека е започнат процес на ослободување на институциите кои биле партизирани и злоупотребени од ВМРО-ДПМНЕ.

„Согласно реформскиот план 3-6-9 на владата предводена од СДСМ, започнат е процесот на ослободување и професионализација на институциите заробени и злоупотребувани од страна ВМРО-ДПМНЕ. Таквиот процес ќе продолжи и по локалните избори, кога ќе се ослободат и институциите на локално ниво“- велат од СДСМ.

Укажуваат дека институциите ќе работат во интерес на граѓаните и на државата.