Прилеп: Одбележани 16 години од „Карпалак“

08.08.2017 15:59

Прилеп и Македонија денес ја одбеллежуваат 16- годишнината од загинувањето на 10-те бранители, армиски резервисти кои загинаа 2001-та во заседата на армискиот конвој на патот Скопје- Тетово кај Карпалак. Споменот за бранителите останува вечно врежан во нашата меморија, злото од 2001-ва не смее никогаш да се повтори и време е за обединување, беа пораките испратени од чествувањето во Прилеп...

Прилеп чествува 16 години од загинувањето на 10-те свои и македонски бранители. Поклон и чест за загинатите пред нивниот споменик во центарот на градот. Ова е ден, вечно врежан во меморијата на градот, на оваа земја, ден кога времето не може да ги избрише ниту тагата ниту мислите од минатото.

Траумите на бранителите и денес постојат, а здруженијата велат- тука се како вечни чувари за споменот на загинатите. На Македонија не смее никогаш да и се повтори злото од 2001-та. Треба да и се случи обединување.

Чествувањата за годишнита од Карпалак почнаа синоќа пред спомен обележјето во Прилепската касарна.

 

Елизабета Митреска