Интерпелација за министерката Царовска
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со интерпелација за министерката Царовска. Причина- стратегијата за бегалци и странци. СДСМ со одговор- аргументите се неосновани и неиздржани...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Од партијата обвинуваат дека министерката не ги консултирала ниту граѓаните, ниту општините за стратегијата за бегалци. Станува збор за стратешки документи за иднината на Македонија, за проекти што ќе значат енормни трошоци во милијарди евра во наредните десет години, на градење згради за мигрантите, онака како што е напишано во нивната стратегија. Тоа ќе значи трошоци во делот на вработување, социјални програми, средства што земјава ги нема и ресурси кои се ограничени, изјави Влатко Ѓорчев.
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието на РМ ќе поднесат Интерпелација за работата на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Причината за тоа се два документи, едниот е Стратегијата за мигранти, беглаци и странци 2017-2027, а вториот е Акциониот план со 71 проект за мигранти, странци и бегалци во Република Македонија само во 2017 година“, изјави Владимир Ѓорчев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ, пак, велат дека со неоснованите и неиздржани интерпелации, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е против реформите. Поднесената интерпелација на министерката за труд и социјална политика, наводно поради нацрт- стратегијата за бегалци, што патем еднаш веќе била донесена во 2008-ма од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ е врв на апсурдноста и лицемерието на опозициската партија.
Од ресорот труд и социјална политика ги демантираа сите наводи. Велат лажна вест е дека државата ќе гради станови за бегалците, и дека тие ќе останувале во Македонија. Во Република Македонија нема да се градат кампови за бегалци, нема да се даваат државјанства за бегалци, ниту пак, ќе се активираат некои други мерки во таа насока.
Во дописот на министерството за труд и социјална политика се вели дека предлог стратегијата е продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009-2015 година, донесена од претходната влада на ВМРО- ДПМНЕ.
Игор Панов
