Силен земјотрес ги погоди Грција и Турција
08.08.2017 16:24
Според грчкиот Иниститут за геодинамика, земјотресот бил со интензитет од 5,1 по Рихтеровата скала, на длабочина од 10 километри. Епицентарот бил на 38 километри североисточно од островот Кос.

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Кос и блиското турско крајбрежје. Според грчкиот Иниститут за геодинамика, земјотресот бил со интензитет од 5,1 по Рихтеровата скала, на длабочина од 10 километри. Епицентарот бил на 38 километри североисточно од островот Кос.
Според извештаите, ова е најсилниот афтершок по земјотресот во јули. Турската телевизија НТВ јави дека потресот предизвикал голема паника меѓу жителите во реонот на Бодрум.
