Продолжува собраниската расправа за разрешување на Зврлевски
СДСМ и парламентарниот спикер Талат Џафери најавија дека пратениците нема да одат на одмор сѐ додека не биде сменет обвинителот. За ВМРО-ДПМНЕ станува збор за партиска агенда на СДСМ.

Денеска на распоредот на пленарната седница на Законодавниот дом повторно се наоѓа точката за разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски.
СДСМ и парламентарниот спикер Талат Џафери најавија дека пратениците нема да одат на одмор сѐ додека не биде сменет обвинителот. За ВМРО-ДПМНЕ станува збор за партиска агенда на СДСМ.
Предлогот Зврлевски да биде разрешен го поднесе Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконско, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Во документот стои и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата и дека го нарушува нејзиниот углед.
