Еден пожар се гасне, друг се разгорува

09.08.2017 10:22

Два авиона испратени како помош од Израел ќе ги гасат пожарите во Охридско, додека огнови има и во околината на прилепски Дрен и во село Смолани. Во околината на Требовлје, изгореле над 5 илјади хектари борова шума.

Еден пожар се гасне, друг се разгорува, велат во Дирекцијата за заштита и спасување. Вчеравечер пожар се појавил во атарот на општина Петровец во близина на Катланово. Таму се вклучени авионите на Дирекцијата.

Два авиона испратени како помош од Израел ќе ги гасат пожарите во Охридско, додека огнови има и во околината на прилепски Дрен и во село Смолани. Во околината на Требовлје, изгореле над 5 илјади хектари борова шума.

Покрај двата авиона од Израел, помош добивме и од Бугарија и Турција.

Според Управата за хидрометеоролошки работи ваквото време со температура до 40 степени ќе продолжи до сабота, а конечното освежување треба да настапи в недела со ветар од северозападен правец.