Силен земјотрес во централна Кина
Медиумите јавуваат дека има најмалку 13 загинати, од кои шестмина се туристи, додека пак, властите стравуваат дека бројот на загинати изнесува над сто луѓе.

Силен земјотрес со сила од 7 степени по Рихтер ги погоди централните делови во Кина. Медиумите јавуваат дека има најмалку 13 загинати, од кои шестмина се туристи, додека пак, властите стравуваат дека бројот на загинати изнесува над сто луѓе.
Од планинскиот дел на покраината Сечуан биле евакиурани над 30.000 туристи. Епицентарот на потресот бил во провинцијата Сечуан, на длабочина од 32 километри.
Во тек е акција на извлекување на преживеаните под урнатините во која се вклучени 600 пожарникари. Областа погодена од земјотресот е под заштита на УНЕСКО, и е популарна туристичка дестинација позната по езера.
Според информациите, во моментот во паркот имало 38.000 луѓе.
