Вербални закани меѓу Вашингтон и Пјонгјанг

09.08.2017 11:34

Трамп се закани дека Северна Кореја ќе се соочи со „оган и гнев каков што светот не видел досега“ доколку повторно им се закани на САД, на што Пјонгјанг одговори дека „внимателно разгледува“ план за напад врз американската пацифичка територија Гуам.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека Северна Кореја ќе се соочи со „оган и гнев каков што светот не видел досега“ доколку повторно им се закани на САД, на што Пјонгјанг одговори дека „внимателно разгледува“ план за напад врз американската пацифичка територија Гуам.

Пјонгјанг, меѓудругото предупреди дека каква било американска акција како одговор би можела да предизвика светска војна.

Претставник севернокорејската армија потврди дека планот за напад ќе биде спроведен во дело штом лидерот Ким Џонг-Ум донесе одлука за тоа.