Шеќеринска за „Блумберг“: Интеграцијата на Mакедонија во НАТО ќе го намали руското влијание
Министерката за одбрана посочува дека земјава прави обид да ги поправи односите со Грција и да ги спроведе домашните реформи, за што е можно поскоро да станеме членка на НАТО.

Интеграцијата на Mакедонија во НАТО ќе го намали руското влијание во земјава – вели министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, во интервју за агенцијата „Блумберг“.
Таа оценува дека мешањето во нашата стратешка цел да бидеме дел од Алијансата не помага и не е пријателски чин. Посочува дека земјава прави обид да ги поправи односите со Грција и да ги спроведе домашните реформи, за што е можно поскоро да станеме членка на НАТО.
Приоритет се подобрувањата во областа на судството и владеењето на правото. Министерката Шеќеринска вели дека тие се посветени на реформите, но од земјите- членки на Алијансата бара да го вреднуваат трудот.
Најави дека Македонија ќе го следи примерот на Црна Гора и ќе го зголеми буџетот за одбрана.
