Повторно прекината собраниската расправа за разрешување на Зврлевски
Откако Џафери не му даде процедурално право на збор на пратеникот Антонијо Милошоски и го повика собраниското обезбедување да го отстрани од говорницата, опозицијата застана во негова одбрана.

Разрешувањето на републичкиот обвинител Марко Зврлевски во период на распишани избори е спротивно за Изборниот Законик вели опозицијата. Претседателот на собранието Џафери пак се повика на членот 16 од Законот за спречување на корупцијата и рече дека нема дилема– дискусијата може да продолжи.
Откако Џафери не му даде процедурално право на збор на пратеникот Антонијо Милошоски и го повика собраниското обезбедување да го отстрани од говорницата, опозицијата застана во негова одбрана.
На почетокот на продолжението на шестата собраниска седница пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека барањето за разрешување на Зврлевски е незаконско и спротивно на Деловникот и повторно побара оваа точка да се симне од дневниот ред.
Предлогот Зврлевски да биде разрешен го поднесе Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконско, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Во документот стои и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата и дека го нарушува нејзиниот углед.
