Расте бројот на загинати во земјотресот во Кина
Во тек е акција на извлекување на преживеаните под урнатините во која се вклучени 600 пожарникари. Областа погодена од земјотресот е под заштита на УНЕСКО, и е популарна туристичка дестинација позната по езера.

Најмалку 19 луѓе загинале, а 247 се повредени во земјотресот со сила од 7 степени по Рихтер, што ги погоди планинските делови на Сечуан, на југозападот од Кина. Меѓу загинатите шестмина се туристи, а се стравува дека бројот на жртви ќе се зголемува, бидејќи има луѓе заробени во одрон, и би можел да надмине 100 лица.
Од планинскиот дел на покраината Сечуан биле евакиурани над 30.000 туристи. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 32 километри. Во тек е акција на извлекување на преживеаните под урнатините во која се вклучени 600 пожарникари. Областа погодена од земјотресот е под заштита на УНЕСКО, и е популарна туристичка дестинација позната по езера.
Неколку часа подоцна земјотрес со сила од 6,6 степени го погодил северозападниот регион на Кина, Синџијанг. Епицентарот бил на околу 100 километри од границата со Казахстан. За среќа, регионот е ретко населен, поради што бројот на повредени изнесува 19.
Инаку, Сечуан во 2008 година беше погоден од катастрофален земјотрес со јачина од 8 степени, во кој загинаа повеќе од 80.000 луѓе. Регионот важи за едно од сеизмички најактивните подрачја во Кина.
Марина Автовска
