На владина седница информацијата за пожарите и топлотниот бран
09.08.2017 12:44
На маса пред премиерот и министрите се активностите за прогласената кризна состојба на дел од територијата на Македонија каде што беснеат пожари.

Попладнево, на владината седница се разгледуваат информациите од Центарот за управување со кризи и Комисијата за превенирање на топлотни бранови.
На маса пред премиерот и министрите се активностите за прогласената кризна состојба на дел од територијата на Македонија каде што беснеат пожари.
Меѓудругото, се расправа и за Судскиот совет, јавниот долг, Законот за енергетика, кадровски прашања.
