Могерини: ЕУ јасно покажува целосна и континуирана посветеност кон Македонија и регионот
Пападимулис на 4-ти мај напишал писмо во кое навел дека нашата земја е поткопана од континуирана политичка нестабилност, со политички и меѓуетнички раздор кој се влошува. Могерини одговорила на 27-ми јули.

„Европската унија јасно ја покажува целосната и континуирана посветеност кон Македонија и регионот“- стои во писмото од шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини до европарламентарецот и заменик- претседател на Европскиот парламент, Димитрис Пападимулис, кој поднесе писмено прашање во врска со ситуацијата во Македонија.
Пападимулис на 4-ти мај напишал писмо во кое навел дека нашата земја е поткопана од континуирана политичка нестабилност, со политички и меѓуетнички раздор кој се влошува. Могерини одговорила на 27-ми јули.
Во писмото порачала: присуството и посветеноста на ЕУ за земјите од Западен Балкан е од витално значење за мирот и стабилноста во регионот и неговото економско заздравување. Посочила дека новата влада направила позитивни чекори кон стабилизирање на односите со соседите.
