ВМРО-ДПМНЕ: Интерпелација за министерот Димитров

09.08.2017 15:02

Меѓу причините се наведени штетниот договор со Бугарија, како и неназначувањето на Александар Николоски за амбасадор во Брисел.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за интерпелација, овојпат, за министерот за надворешни работи Никола Димитров. Меѓу причините се наведени штетниот договор со Бугарија, како и неназначувањето на Александар Николоски за амбасадор во Брисел.

Првата работа е брзоплетото, штетно потпишување на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија. Избегувањето за него да се дискутира, лажењето дека се работи за нацрт текст кој што може да се подобри каде што би била вклучена и опозицијата, а потпишување на финален текст кој што не бил воопшто предмет ни на преговарање туку бил само прифаќањена бугарските позиции за што честитаме на бугарската Влада што се изборила за своите интереси, но не и на министерот за надворешни работи на Македонија кој што не ги застапувал македонските национални интереси и потпишал одредби кои што ќе бидат со спроведувањето за Република Македонија, изјави Антонијо Милошоски.

Милошоски кажа дека втората работа е неименувањето и неупатувањето на ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Европската Унија во Брисел.