Активни повеќе пожари низ Македонија
Сѐ уште во земјава се активни неколку шумски пожари, информираат од Центарот за управување со кризи. Кај село Заград, Македонски Брод ветер го разгорел пожарот, исто како и над тетовското село Копанце. Удар на гром предизвикал пожар и во прилепско кај манастирот Свети Илија. Од ЦУК информираат дека израелските противпожарни авиони кои како помош пристигнаа вчера во земјава веќе се вклучени во гаснењето...

Гром предизвикал поголем пожар во прилепско кај манастирот Свети Илија. Гори неуредена шума- информираат од Центарот за управување кризи. Кај тетовско Копанце гори деградирана шума. Кај селото Заград , Македонски Брод локализираниот пожар повторно го разгорел силен ветер.
Двата израелски авиони кои како помош беа испратени за да помогнат во гаснењето на пожарите со персонал од 29 лица веќе се во фунција во земјава.
Од ЦУК апелираат до граѓаните да внимаваат додека работат на отворено и потсетуваат дека важи забраната за движење во шумите. Без посебна дозвола казната изнесува од 1.500 до 2.000 евра.
Миле Ристески
