Тутунарите се опарија во Велес
Парите од субвенциите за продаден килограм тутун легнаа на нивните трансакциони сметки ...

По пензионерите и тутунарите имаат причина за среќа. Парите од субвенциите за продаден килограм тутун легнаа на нивните трансакциони сметки. Информацијата за исплатата на субвенциите ги изненади и самите тутунари.
„Не знам јас, еве сега поминавме разбравме, ме зачудија, а назад има уште тутун за откупување“, вели тутунопроизводител.
Покрај исплататат на субвенциите, тутунарите не кријат дека навреме им е исплатен секој килограм предаден тутун.Просечната цена во велешко достигнала околу 156 денари, со шеесетте денари за килограм исплатени субвенции велат дека се задоволни од годинашната реколта.
„Оваа реколта према мојот тутун јас сум задоволен па сега другите може да не се задоволни ама јас сум задоволен“, рече Славе Наковски,тутунопроизводител од село Каласлари.
Откупните пунктови ќе бидат отворени уште триесетина дена. Земјоделците очекуваат дека во овој период ќе биде откупен и вишокот произведен тутун.
„Со субвенциите сме задоволни ама тутунот е непредаден. Уште триста кила имаме сигурно за предавање.Колку килограми имате предадено. Шестотини триесет и четири килограми. Која е просечната цена. 153 денари. задоволни.Како за сите така и за нас“, вели тутунопроизводител.
Тутунот и понатаму останува извозниот производ кој во државната каса носи најмногу девизи. Годинава се планира откуп на околу 30 илјади тони од оваа индустриска култура или за дваесетина проценти повеќе од минатата година. Во велешко тутунот е застапен на површина од околу илјада хектари.
Дијана Иванова
