Прилеп

Шумски пожар му се заканува на манастирот Трескавец

10.08.2017 08:58

Зафатена е планината околу манастирскиот комплекс. Противпожарната единица, градските власти и доброволци упатуваат апел сите да се вклучат во гаснењето на огнената стихија...

Над 50 хектари со борова и нискостеблеста шума од синоќа горат околу манастирот Успение на Пресвета Богородица– Трескавец кај Прилеп. Пожарот започнал над новите градски гробишта и се проширил со огромнабрзиина.

Зафатена е планината околу манастирскиот комплекс. Противпожарната единица, градските власти и доброволци упатуваат апел сите да се вклучат во гаснењето на огнената стихија која го доведува во опасност манастирот Трескавец, но и селата Горно Село, Мажучиште и Забрчани.

Сите доброволци кои сакаат да учествуваат во гаснењето на пожарот кај Трескавец да се обратат до противпожарната екипа во Прилеп или на телефонот 193.