Изгаснат пожарот во близина на Трескавец, активни уште два во Прилепско
Еден крак од пожарот е сѐ уште активен во нискиот дел, кон селата Горно Село и Мраморани. Гори сува трева. Екипите се на терен, активирани се околу 30 луѓе.

Изгаснат е пожарот што вчера и ноќеска му се закануваше на манастирот Трескавец кај Прилеп. Преку сто доброволци се јавиле на повикот и во раните утрински часови пожарот е локализиран. Во текот на денот жариштето го чуваат околу 70 луѓе.
Еден крак од пожарот е сѐ уште активен во нискиот дел, кон селата Горно Село и Мраморани. Гори сува трева. Екипите се на терен, активирани се околу 30 луѓе.
Во Прилепско се активни уште два големи пожара. Едниот е во атарот на селата Бонче и Крушевица. Таму се зафатени 150 хектари мешана шума и теренот е тешко пристапен, а пет-шест дена е активен и пожарот околу прилепското село Никодин. Таму се зафатени околу 250 хектари дабова и букова шума.
Вчера беше интервенирано со хеликоптер од АРМ, а денеска се очекува да пристигнат канадери од Дирекцијата за заштита и спасување.
