Владата ќе подготвува стратегија за финансиски истраги и конфискација на имот

10.08.2017 10:14

За предлогот за конфискација им се порачува на надлежните служби и агенции да обезбедат информации и кадровски потенцијал за реализација на регулативата.

Владата на вчерашната седница усвои неколку предлози меѓу кои и Информација за потребата од изготвување  стратегија на Република Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со акциски план за нејзино спроведување.

За предлогот за конфискација им се порачува на надлежните служби и агенции да обезбедат информации и кадровски потенцијал за реализација на регулативата.

Усвоена е и Информација во врска со формирање работни групи за подготовка на нацрт текст на нов закон за енергетика. Министерството за економија во координација со Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања треба да формираат работна група која ќе ги координира активностите поврзани со подготовката на нацрт текст на нов Закон за енергетика.

На седницата беа усвоени повеќе извештаи за работењето на јавни претпријатија, како и извештаи за реализација на годишни програми во надлежност на владата.