Шеснаесет години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

10.08.2017 10:26

Кај Љуботен терористите усмртија осум припадници на резервниот состав од скопскиот гарнизон во товарно возило кое нагази на две против-тенковски мини.

Се навршуваат 16 години од загинувањето на македонските бранители, припадниците на македонската армија кај месноста Љуботенски Бачила.

Кај Љуботен терористите усмртија осум припадници на резервниот состав од скопскиот гарнизон во товарно возило кое нагази на две против-тенковски мини.

Делегации од Министерството за одбрана и Армијата ќе положат цвеќиња пред нивните споменици во Волково и во Љубанци како и пред спомен- плочата во касарната Илинден во Скопје.