Јапонско- македонска соработка против катастрофите

10.08.2017 13:04

Со договорот ќе се намалуваат ризиците од поројни поплави, лизгање на земјиштето, ерозија на почвата и шумските пожари.

Македонија и Јапонија потпишаа договор за намалување ризици од катастрофи. Со него ќе се намалуваат ризиците од поројни поплави, лизгање на земјиштето, ерозија на почвата и шумските пожари.

Ќе се контролираат активностите на човечкиот фактор во делот на пожарите а ќе се искористи и заштитната функција на екосистемот.

Државните институции ќе бидат вклучени во документот за соработка потпишан меѓу Центарот за управување со кризи и јапонската Агенција за меѓународна соработка.