Митревски: Обид за насилна промена во ССМ

10.08.2017 13:10

Претседателот на ССМ, Живко Митревски, нагласи дека процесот за постапка за промени исклучиво е работа на 13-те синдикати здружени во ССМ...

Сојузот на синдикатите на Македонија бара неотповиклива оставка на министерката за труд и социјална политика Царовска поради обидот за промена на раководството. Во раководството на Синдикатот велат- ова е во делокруг на синдикалните организации, не е работа на државните органи, министрите и владата.

Претседателот на ССМ, Живко Митревски, нагласи дека процесот за постапка за промени исклучиво е работа на 13-те синдикати здружени во ССМ кои пак се единствени кои согласно Статутот можат да извршат промени на раководството врз основа на постапка која оди помеѓу синдикатите и врз основа на одлука на Советот и Конгресот на ССМ. Вакви постапки немало, а тоа го потврдија и претходно 13 грански синдикати здружени во ССМ, рече Митровски.

Тој додаде дека и „претходната министерка во овој ресор Фросина Ременски направила неуспешен обид за смена на раководството на ССМ“. Постапката, тврди Митревски, била запрена заради тоа што била врз основа на фалсификувани исправи и дејствија спротивни на законот, Уставот и меѓународните конвенции.

Соопшти дека против Царовска поднеле кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“, а доколку таа не го повлече, како што рече, незаконското решение, побара нејзина оставка или разрешување.