Во понеделник почнува уписот на универзитетот во Штип

10.08.2017 14:03

Ректорот на УГД- Штип Блажо Боев изјави дека уписите ќе се реализираат на сите факултети и академии на 14-ти, 15-ти и 16-ти август...

Од понеделник, 14-ти август на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип почнува првиот уписен рок за запишување нови студенти во учебната 2017/2018 година.

Ректорот на УГД- Штип Блажо Боев изјави дека уписите ќе се реализираат на сите факултети и академии на 14-ти, 15-ти и 16-ти август. Студентите кои ќе аплицираат на факултетите и на студиските програми кои се во Штип, документите ќе ги доставуваат во фоајето на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, а исто така прием на документи ќе се врши и во академските центри на Универзитетот во Струмица, Скопје, Кавадарци, Прилеп, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кочани.

„Отворена е и електронска платформа на која може да се пријавуваат идните студенти. Мислам дека сите опции се отворени и достапни за пријавување на универзитетот од каде било во Република Македонија и надовор од државата“, рече Боев.

Според анализите на раководството на УГД- Штип, очекуваат во првиот но и во остантите уписни рокови да се запишат максимум 2.500 студенти во прва година.