САД и Јaпонија парализирани од снег

14.02.2014 10:33

Поголем дел од населението е без електрична енергија, откажани се над 6.000 лета, а патничкиот сообраќај е целосно блокиран...

Снежното невреме го парализира источниот дел на САД и досега однесе дваесет жртви. Поголем дел од населението е без електрична енергија, откажани се над 6.000 лета, а патничкиот сообраќај е целосно блокиран.

Невреме и во Јапонија. Хаос во железничкиот и во патниот сообраќај. Откажани се стотина летови, а над 16 илјади луѓе останаа на аеродромите во неколку града. Метеоролозите најавуваат врнежи и за следните денови.