Поднесена интерпелација за министерот Тевдовски
Од ВМРО-ДПМНЕ најавија нови три отповикувања на министри во владата...

Уште една интерпелација на ВМРО-ДПМНЕ, овојпат за министерот за финансии Тевдовски. Од партијата најавија нови три отповикувања на министри во владата.
„Како клучни причини за поднесување на Интерпелацијата за работата на Тевтовски се целосно неразвоен ребаланс на Буџетот за 2017 година, значителното намалување на капиталните расходи, засилено и неосновано задолжување на граѓаните на домашниот пазар, зголемување на износот предвиден за задолжување на меѓународните финансиски пазари, непочитување на народните претставници во Собранието на Република Македонија и манипулирање со економски податоци, параметри и индикатори“, изјави Лилјана Кузмановска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.
Поради демонстрираното незнаење и неспособност да ја извршува оваа фукција сметаме дека е потребно што поскоро Драган Тевдовски да заминине од оваа функцијата Министер за финансии и на негово место да дојде способен министер кој што нема да прави катастрофални грешки во работењето, велат од партијата.
