Невреме на Апенинскиот Полуостров
11.08.2017 12:18
Поројните дождови, поплавите и свлечиштата во Тренто уништија земјоделски површини...
Апенинскиот Полуостров се бори со невреме. Во Удине предизвика прекин на комуникациските мрежи, блокада на неколку сообраќајни делници, и голема материјална штета во повеќе домови.
Поројните дождови, поплавите и свлечиштата во Тренто уништија земјоделски површини. Едно лице исчезна откако торнадо го погоди осровот Албарела, во близина на делтата на реката По. Во невремето има и повредени. Екипите го расчистуваат теренот.
