Средба Лавров-Штајнмаер. Украина во фокусот!

14.02.2014 10:43

Состојбата во Украина во центарот на разговорите...

Средба на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска во Москва. Состојбата во Украина во центарот на разговорите.

Лавров ја предупреди Европската унија да не се меша во политичката криза во земјата, бидејќи народот е подготвен сам да дојде до решението.