Продолжува расправата за разрешување на Зврлевски
Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата...

Собранието на Република Македонија ќе го одржи десеттото продолжение на шестата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.
Барањето на Владата, за пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е неосновано и неаргументирани. Тие се повикуваат на членот 8 а од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери несмеат да се случуваат кога се објавени избори.
Пратениците од мнозинството во Собранието, најавија дека ќе се откажат од нивните говори со цел побрзо да биде разрешен Зврлевски и да биде избран нов државен јавен обвинител за да почнат реформите во правосудството.
