На граничните премини нема задржување

14.08.2017 08:56

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација...

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo наместа влажни коловози, а на патните правци надвор од градските средини интензитетот е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.